СТЕФАНОВСКИ, Благоја

СТЕФАНОВСКИ, Благоја (Баге) (Битола, 7. Ⅲ 1953) – актер, долгогодишен директор на Народниот театар во Битола (19802002). Дипломирал на Високата музичка школа во Скопје, на Отсекот за драмски актери. Под негово раководство Битолскиот театар беше водечка куќа во Републиката. Пратеник во Собранието на РМ, претседател на Одборот за култура во Собранието; министер за култура во Владата на Република Македонија(2002-2006). Учествувал во претставите: „Време за пеење“; „Пиреј“; „Преноќиште“; „Агамемнон“; „Електра“ и др. Р. Ст. Валери Стефановски