СТЕФАНОВСКИ, Ацо

СТЕФАНОВСКИ, Ацо (Битола 10. ⅩⅠⅠ 1922 – Битола 10. Ⅲ 1985) – драмски актер и режисер, еден од основоположниците на Народниот театар во Битола. Силна актерска личност, чии креации се трајни вредности во нашата театарска уметност. Кариерата ја започнал во НТ во Битола (1943/ 44). Ацо Стефановски УЛОГ: Хамлет и Едип (во истоимените дела), Митке („Коштана“), Аџи Трајко („Бегалка“), Сатин („На дното“), Фезлиев („Црнила“), Ломен („Смртта на трговскиот патник“) и др. РЕЖИИ: „Мртвите не плаќаат данок“, „Г-ѓа министерка“ и др. Р. Ст. Благоја Стефановски