СТЕФАНОВИЌ, Бранимир

СТЕФАНОВИЌ, Бранимир (Гнилане, Србија, 22. Ⅲ 1949 – Скопје, 14. И 1991) – оперски певец, бас. Во 1975 г. дипломирал соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Б. Николовски), а магистрирал во 1989 г. на Софиската музичка академија. Тој е член на солистичкиот состав на Операта на МНТ од 1977 до 1991 г., каде што остварил повеќе од 30 оперски улоги. Поседувал сонорен глас со посебна смисла за комика на сцената. ПОЗНАЧАЈНИ УЛОГ: Големиот инквизитор („Дон Карлос“), Дон Бартоло („Севилскиот бербер“), Кончак („Кнез Игор“), Гремин („Евгениј Онегин“), Рајмондо („Лучија ди Ламермур“), Марко („Еро од оној свет“), Гоце Делчев („Илинден“). Ф. М.