СТЕФАНИЈА, Драги

СТЕФАНИЈА, Драги (Охрид, 10. Ⅺ 1933) – лингвист и фолклорист. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1958), завршил прв степен на Правниот факултет (1960) и докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1980). Работел како дописник на Радио Скопје (од 1965), лектор по македонски јазик (1967) и професор по македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Љубљана (1990). Предавал македонска литература на Филозофскиот факултет во Загреб и на Педагошката академија во Марибор и предава балканска славистика на Техничко-хуманистичката академија во Бјелско Бјала. Член е на Хелсиншкиот комитет на Словенија и почесен член на ДПМ (2007). Автор е на дваесетина книги, збирки македонско народно творештво и стотина статии. Над 30 години живее во Љубљана. На словенечки јазик објавил повеќе избори од македонската литература и од народното творештво.
БИБЛ.: А Теџт-Боок оф Тхе Мацедониан Лангуаге, Скопје, 1965 (коавтор со К. Тоšев); Македонска читанка, Лјублјана, 1972; Брата Миладинова, Лјублјана, 1984; Глосариј Зборника братов Миладинових, Нова Горица, 1985; Македонски разговорник, Дубровник-Загреб, 1984; Македонски лечебник од ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1985; Викторија поп Стефанија, Охрид-Струга, 1987; Викторија поп Стефанија, Народно творештво, Охрид-Струга, 1987; Прличевиот панславизам, Охрид, 1988; Македонска кнјижевност, Загреб, 1991 (коавтор); Основни фреквенчни словар Нове Македоније, Лјублјана, 1991; Македонско-чешки и чешко-македонски речник, Брно, 1994 (второ издание 1995 и трето издание 2002, со коавтор Иван Доровски); Македонско-словенски словар ин мали словенско-македонски словар, Лјублјана, 1998 (коавтор со Т. Претнер); Мал македонско-полски речик, Катоњице, 2001 (коавтор со Е. Токарз); Мал македонскобугарски и бÍлгарско-македонски речник, Благоевград, 2004; Мал македонскохрватски речник, Пула, 2006 (коавтор со
Б. Павловски).
ЛИТ.: Иван Доровски – Емилија Црвенковска, Лексикон на странски македонисти, ⅩⅩ и ⅩⅩⅠ век, Скопје, 2008, 101
103. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *