СТЕПОЛИКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ

СТЕПОЛИКА ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија– специфична тревеста вегетација на големи површини во централните делови на Република Македонија(меѓу Велес, Штип и Неготино), во чиј состав влегуваат доста степски видови (Хедѕсарум мацедоницум, Цонволвулус холосерицеус, Артемисиа маритима, Цампхоросма монспелиаца, Цаппарис сицула, Морина персица, Еуротиа цератоидес, Астрагалус парнасии, Онобрѕцхис хѕпаргѕреа и др.). Од некои постари ботаничари од почетокот на ⅩⅠⅩ в. е означувана како степа или дури полупустина (Кошанин, Черњавски, Рудски, Сошка и др.). Според класичната дефиниција, степа е климазонална тревеста вегетација без дрва што се развива врз црнозем и се карактеризира со специфична степска клима. Тревестата вегетацијата што се развива во ова подрачје од Македонија има секундарно потекло и е резултат на долговековното уништување на примарните дабови шуми. Поради тоа, не постои вистинска степска вегетација во Македонија, туку вегетација што со својата физиономија потсетува на степа и ја означуваме како степолика (степовидна) вегетација. Вл. М.