СТАФИЛОВ, Трајче Здравков

СТАФИЛОВ, Трајче Здравков (с. Чемерско, Кавадарци, 20. Ⅹ 1949) – редовен професор (1997) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирал (1972) како најдобар студент на генерацијата, магистрирал (1977) и докторирал (1985) во Скопје. Работел (1975–1978) на ПМФ во Скопје, бил раководител Трајче Стафилов (1978–1985) на лабораторијата во комбинатот „Фени“ во Кавадарци и научен соработник (1985–1988) во Институтот за рударство и металургија при Рудници и железарница „Скопје“. Од 1988 е наставник на ПМФ. Одржувал настава по предмети од областа на хемиската технологија, токсиколошката хемија, хемијата на животната средина и спектроскопските и радиохемиските методи за анализа. Главниот научен интерес му е насочен кон аналитичката хемија (особено со примена на атомската апсорпциона спектрометрија и на хроматографијата), но во научната работа користел и методи на инфрацрвената и раманската спектроскопија. Активно се занимава со анализа на траги од елементи во различни објекти, особено во животната средина и тука се здобил со меѓународно реноме. Објавил околу 250 печатени трудови (околу 150 во списанија надвор од Македонија). На научни собири презентирал повеќе од 340 соопштенија и предавања (повеќе од 200 на собири надвор од Македонија). Автор/коавтор е на неколку универзитетски учебни помагала, на една монографија, на три иновации и 7 патенти. Главен уредник е на меѓународното списание „Интернатионал Јоурнал оф Аналѕтицал Цхемистрѕ“ и член на редакцијата на сп. „Интернатионал Јоурнал оф Пуре анд Апплиед Цхемистрѕ“. Бил главен уредник на сп. „Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија“ и член на неговиот Уредувачки одбор и Издавачки совет. Бил член на уредувачкиот одбор и на списанието „Интернатионал Јоурнал оф Молецулар Сциенцес“. Учествувал во обработката на 63 научноистражувачки проекти (20 меѓународни, на 6 како раководител). Имал студиски престои во Лозана, Фрајбург, Хајделберг, Токио и Бурса. Бил претседател на Советот на ПМФ, шеф на Институтот за хемија на ПМФ, раководител на Заводот за физичка хемија при Институтот и раководител на постдипломските студии. Избран е за редовен член на Ацадемѕ фор Енвиронментал Сциенцес. Член е на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, на Американското хемиско друштво, на Македонското еколошко друштво и на Друштвото на медицинските биохемичари на РМ. Добил повеќе признанија за иновации и патенти (неколку златни, вклучувајќи ја и Златната диплома на 52 нд Њорлд Еџхибитион оф Инноватион Ресеарцх анд Нењ Тецхнологѕ во Брисел). ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 238; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 276-277. Б. ш.