СТАРО БОНЧЕ

СТАРО БОНЧЕ – гробница од македонски тип со дромос и комора што се наоѓа југоисточно од Прилеп на оддалеченост од 20 км. На поширокиот простор од Старо Бонче, во благата падина на Селечка Планина се всечени гробната комора и делумно дромосот пред влезот во неа. Дромосот и комората се обѕидани со правилно исечени камени блокови, покриени со слој од земја во пречник од 30 м. При откривањето гробницата била со урната покривна конструкција на камарата и опљачкана, а е зачуван само поголемиот дел од дромосот. Дромосот бил долг 20 м, широк 2,15 м и висок 2,95 м, а правоаголната комора со дим. 8 × 6,6 м. Блоковите од кои е изѕидан дромосот се со правоаголна форма, фино изделкани, а некои од нив достигнуваат должина и до 3 м. Гробницата е изградена во Ⅳ в. пр.н.е. за некој од локалните династи од овој дел на Пелагонија. ЛИТ.: Н. Вулиђ, „Споменик САН“, ЏЦВИИИ, Београд, 1941–1948, 197; И.Микулчиќ,Пелагонијау светлостиархеолошких наода, Скопје, 1966, 62. К. Кеп.