СТАРОВА, Вулнет

СТАРОВА, Вулнет (Поградец, Албанија, 6. Ⅴ 1934 – Скопје, 5. Ⅷ 1994) – педијатар, редовен проф на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1959), специјализирал педијатрија на Клиниката за детски болести (1965), а докторатот по социјална педијатрија го одбранил во Приштина (1975). Специјалност му била социјалната педијатрија и организација на здравствената служба. Бил на високи општествени функции во Синдикатот на општествените дејности, во Универзитетскиот совет, во Статутарната комисија на ЦК на СКМ, републички секретар за здравство и социјална политика, член на Извршниот совет, како и Претседател на Собранието на СРМ. Трудовите му се од областа на пулмологијата и социјалната педијатрија. БИБ.: Ацидо-базна рамнотежа, Скопје, 1989. Н. П.-Ј. СТАРОВА, Г’зиме (Скопје, 1946) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1971), каде што и магистрирала (1978). Докторирала на Правниот факултет во Г’зиме Старова Љубљана, на тема „Уредувањето на работните односи во СФРЈ и неговите облици“ (1991). За асистент по предметот Трудово право е избрана на Правниот факултет во Скопје (1971), а потоа за доцент (1992), за вонреден (1997) и за редовен професор (2002). Објавила учебник и поголем број трудови од областа на трудовото право и социјалната политика. Преведува трудови од француски и од албански јазик на македонски. БИБ. Меѓународно трудово право и законодавство, Скопје, 1999; Трудово право, Скопје, 2004. ЛИТ.: Правен факултет – педесет години 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш. Луан Старова