СТАН

СТАН – средновековен град, тема во првата пол. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., со неутврдена локација. Таму се засолнил Мануил Камица (1201), им припаднал на крстоносците (1204). Во изворите најчесто се спомнува заедно со Прилеп, Пелагонија, Соск и Молиск, па затоа се смета дека се наоѓал во близина или помеѓу овие градови. ЛИТ.: Т. Томоски, Стан не е Стаг, „Историја“ ⅩⅩ/2, Скопје, 1984. К. Аџ.