СТАНОЕВСКИ, Цветан

СТАНОЕВСКИ, Цветан (с. Зашле, Демирхисарско, 5. Ⅲ 1934) – филмски критичар, новинар, публицист и дописник на „Нова Македонија“ од Москва. Еден од генерацијата што во шеесеттите години од ⅩⅩ в. ги постави темели-Цветан Станоевски те на автентичната македонска филмска критика. Автор е на книгата „Искушението – филм“ (1986 г., есеи за македонскиот филм), како и на книги од македонската историја. Сценарист на документарниот филм „Весници, весници“ (режисер Александар Ѓурчинов, 1965). Бил претседател на Сојузот на филмските критичари на Југославија и секретар за култура во ИСМ. Издавач на сп. „Збор“. Ил. П.