СТАНКОСКИ, Димитар

СТАНКОСКИ, Димитар (Прилеп, 11. Ⅹ 1946 – Скопје, 3. И 2007) – режисер. Дипломирал на Театарската академија во Софија (1970). Од 1970 г. е во Драмскиот театар во Скопје, а двапати и негов директор (1999-2001 и 2004-2005). Режирал и во: Сомбор, Зрењанин, Крагуевац, Ниш, Нови Сад. РЕЖИИ: „Болен Дојчин“, „Нажалена фамилија“, „Ревизор“, „Косанчиќев венец“, „Партија реми“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Црнила“, „Тартиф“, „шуаби ап“, „Вујко Вања“, „Црни куклички“, „Бамји“, „Сара Бернар“, „Клаустрофобична комедија“, „Чија си“, „Грев или шприцер“, „Платонов“, „Трите високи жени“ и др. Р. Ст.