СТАНКОВ

СТАНКОВ(ИЌ), Мина Ѓ. (Мино Војводата) (с. Луково, Кратовско, 1895 – Чикаго, САД, 1988) – српски четнички војвода. Како член на Здружението против бугарските бандити, ја формирал Кратовската чета за гонење на четите на ВМРО. Бил унапреден во капетан (1935) и живеел како пензионер во Злетово. На парламентарните избори во Вардарскиот дел на Македонија (11. ⅩⅠⅠ 1938) бил избран за пратеник од Околија кратовска. По Априлската војна емигрирал во Турција (1941), а по завршувањето на Втората светска војна во САД. ИЗВ.: Резултати избора на дан 11 децембар 1938, Вардарска бановина, преглед по целокупном гласању, „Јужна Србија“, И, 46, Скопље, 18. ⅩⅠⅠ 1938, 3. ЛИТ.: д-р Надежда Цветковска, Граѓанските партии во Вардарскиот дел на Македонија (1935–1941), Скопје, 1996. С. Мл. Синиша Станковиќ