СТАНКОВ

СТАНКОВСКИ, Бошко (с. Брусник, Битолско, 26. Ⅹ 1925 – Скопје, 1987) – првоборец, политичар и државник. Како учесник во НОБ (1941), бил член на КПЈ (1943), член на баталјонски, бригаден и дивизиски комитет на СКОЈ, член на ПК на СКОЈ за Македонија и член на Главниот одбор на НОМСМ. По Ослободувањето студирал на Институтот за општествени науки во Белград. Бил секретар на Градскиот комитет на СКОЈ – Скопје, член на Градскиот комитет на КПМ – Скопје, член на Секретаријатот на Републичкото собрание на ССМ, потпретседател на Главниот одбор на ССРНМ, заменик на управникот на Средната партиска школа на ЦК на КПМ, раководител на Републичкиот центар на ЦК на СКМ за марксистичко образование, член на Идеолошката комисија на ЦК на СКМ, член на ЦК на СКЈ, секретар на Извршниот комитет на ЦК на СКМ (ноември 1966 – ноември 1968), потпретседател и потоа претседател на Републичката конференција на ССРНМ, пратеник и претседател на Собранието на СРМ (19821984) и претседател на Универзитетскиот совет на Скопскиот универзитет. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Зададен и изминат пат, Скопје, 1983. С. Мл.