СТАНКОВСКИ, Методија Симонов

СТАНКОВСКИ, Методија Симонов (Прилеп, 14. Ⅹ 1917 – Скопје, 18. Ⅳ 1989) – гинеколог-акушер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Бел-град (1947). Специјализирал на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје (1952), каде што и хабилитирал. Се усовршувал во повеќе центри во Европа. Посебно се занимавал со конзервативна и функционална гинекологија. Има особен придонес во осовременувањето и организирањето на повеќе супспецијалистички дејности на Клиниката. З. Џ. Димитар Станкоски