СТАНИШЕВ, Нако

СТАНИШЕВ, Нако (Кукуш, 1810 – Кукуш, 1876) – македонски деец, застапник за еманципацијата од Цариградската патријаршија, истакнат претставник на Кукушката унија. Долгогодишен претседател на Кукушката црковно-училишна општина. Бил во врска со Д. Миладинов и со епископот Партенија Зографски. Подоцна ја напуштил унијата. ЛИТ.: А. Трајановски, Борбата за еманципација од Цариградската патријаршија и грцизмот во Полјанската епархија во крајот на 50-тите и во текот на 60-тите години на ХХ век, „Историја“, ХХ, 2, Скопје, 1984. Ал. Тр.