СТАНИСЛАВОВ

СТАНИСЛАВОВ (ЛЕСНОВСКИ) ПРОЛОГ – кирилички ракопис, препишан од писецот Станислав во 1330 год. во Лесновскиот манастир. Содржи И+320 л. и се чува во Архивот на САНУ, бр. 53. Ракописот е едноеров со безјусов рашки (до стр. 68в) и со јусов кратовски систем (од последните 4 реда на стр. 68в, па сè до 320 лист). Тој е од типот на целосни пролози и содржи кратки житија на светители, за сите денови и месеци во годината. Се спомнуваат руски светители од И и Ⅱ слој на првата редакција на проложните текстови, а од јужнословенските св. Кирил Солунски, заедничкиот помен на св. Кирил и Методиј, житието на пустиножителот Гаврил Лесновски и житието на цар Петар. ЛИТ: Б. Конески, За Станиславовиот пролог, „Прилози“, МАНУ–ОЛЛН, Ⅱ, 1– 2, Скопје, 1977; Р. Павлова–В. Жел®зкова, Станиславов (Лесновски) пролог от 1330 година, Велико Т„рново, 1999; К. Трајкова, Лексиката на Станиславовиот про-лог, Скопје, 2002. К. Трајк. Нако Станишев