СТАНЕСКУ, Никита

СТАНЕСКУ, Никита (Ницхита Станесцу) (Плоешти, 7. Ⅴ 1933 – Букурешт, 17. Ⅺ 1983) – роман-ски поет, уредник на списанија. УШТЕ со својата прва збирка Смислата на љубовта (1960) станал познат. Со секоја нова поет-ска книга ги потврдувал новите стихови ослободени од товарот на минатото. Во 1982 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Една визија на чувствата (1964), Правото на време (1965), Јајцето и сферата (1967), Црвено вертикално (1967), Незборовите (1969), Во слаткиот класичен стил (1970), Величината на студот (1972), Јасноста на срцето (1975); Книга за препрочитување (1972). ЛИТ.: Марин Минцу: Авантура драматица а семмифицантулуи, „Поезија“, Ск., СВП, Струга, 1982. П. Гил.