СТАМЕСКА, Снежана

СТАМЕСКА, Снежана (Скопје, 1. И 1946) – театарска и филмска актерка. Театарска академија завршила во Белград (1970). Од 1971 г. е во Драмскиот театар во Скопје и една од водечките актерки. Настапувала на филмот, радиото и ТВ, како и на сцената на МНТ. УЛОГ: Злата („Свадба“), Анѓа („Хамлет од Долно Гаштани“), Арманда („Учени жени“), Цена („Јане Задрогаз“), Смилка („Диво месо“), Зоја („Зојкиниот стан“), Мери („Долго патување во ноќта“), Кејт („Игранка во времето на Лунаса“), Мица („Сили во воздухот“). Р. Ст.