СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо

СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо (с. Дуброво, Неготинско, 1. И 1910 – Скопје, 1993) – ќумурџија, комунистички деец, првоборец и командант на бригада. Бил член на КПЈ (од септември 1941) и на Воениот штаб на МК на КПЈ во Неготино, а потоа пушкомитралезец на НОПО „Сава Михајлов“, командир на чета, командант на НО баталјон „Страшо Пинџур“ и командант на Деветтата македонска НО бригада. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил на разни должности во воените подрачја на Прилеп, Неготино и Скопје и во УДБ. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Раде Гогов, Орлов раскажува, Кавадарци, 1983; Тиквешијата во НОВ 19411945, книга прва – седма, КавадарциНеготино, 1984-1985; С. Мл. Верица Стаменкова-Трајкова