СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов

СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов (с. Мачево, Беровско, 10. Ⅳ 1947) – генерал на АРМ, началник на ГШ на АРМ. Воена академија завршил во родот артилерија. Офицерската кариера ја започнал како командир на батерија, бил заменик на командант на полк и командант на полк на ЈНА. Во АРМ ги вршел должностите командант на гранична бригада и командант на корпус. Од повисоките раководни должности бил началник на операции во ГШ, заменик на началник на ГШ, а по завршувањето на должноста началник на ГШ, бил советник на Претседателот на Република Македонијаза воени прашања. В. Ст.