СТАМБОЛИЕВ, Христо

СТАМБОЛИЕВ, Христо (Стру-мица, 1920 – Скопје, 1989) – редовен професор и еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Се школувал во Струмица, Штип, Велес и Лесковац. Студирал на Техничкиот факултет во Белград, а дипломирал на Физико-математичкиот факултет во Софија (1944). Работел во Институтот за геолошки истражувања, во Бирото за унапредување на производството и во Институтот за научни истражувања во индустријата во Скопје. На Техничкиот факултет во Скопје е асистент од 1949, доцент од 1953, од 1959 г. е на Технолошкиот оддел, а редовен професор е од 1966 г. Бил на повеќе студиски престои во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1959 г., прв декан на Факултетот и основач на Катедрата за неорганска хемија. Бил директор на Институтот за научни истражувања во индустријата на СР Македонија. Во пензија е од 1984 г. Подрачја: неорганска хемија, хемија и технологија на силикатни материјали. Автор е на научни трудови, студии и проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ“ бр. 159, од 11. Ⅵ 1965 г., стр. 29; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 110. Св. Х. Ј. Методи Стамболиски