СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов

СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов (Струмица 1926) – дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1951). Се вработил во МЗ „Тито“ во Фабриката за пумпи, а потоа во Фабриката за алатни машини. Во 1959/60 г. е избран за хонорарен асистент, во 1964 за предавач, а во 1977 г. за редовен професор. Докторирал (1978) во Скопје. Предавал и на Рударскогеолошкиот факултет во Штип и на Техничкиот факултет во Битола. Тој е основач и раководител на Институтот за ММВ. Студиски престои имал во Германија, швајцарија и Франција. Во 1986 г. е избран за експерт во ИСО и ИФТОММ. Учествувал на меѓународни конференции и конгреси во САД, Кина, Јапонија, Индија, Југославија, Италија, Шпанија, Германија, Холандија, Англија, Норвешка, Финска и Бугарија. Член е на Комисијата за терминологија при МАНУ и автор на повеќе основни учебници и на терминолошки билтени на МАНУ. Тој е основач и донатор на Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“. Пензиониран е во 1987. Сл. А.