СТАВРИЌ-ХРИСОХО, Радмила Крстова

СТАВРИЌ-ХРИСОХО, Радмила Крстова (Скопје, 21. Ⅳ 1930) – биохемичар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1986). Дипломирала хемија на ПМФ во Скопје (1953). Основач и шеф на Лабораторијата при Интерната клиника (1953) и стручен соработник за интерна медицина (1958). Специјалист по медицинска биохемија (1961). Докторирала за квантитативно одредување на јодните споеви во крвта (1965). Се усовршувала во Загреб и Белград, како и во Англија, Австрија и Данска. Директор на Институтот за клиничка биохемија од формирањето (1975). Вовела примена на современи анализи и методи во клиничката медицина и континуирана семинарска едукација. Раководела истражувачки проекти и публикувала над 80 трудови. БИБ.: Развој на биохемиско-лабораториската дејност во Македонија (повод 50 години), Скопје, 2000. К. К.-П. Трајко Стаматоски