СТАВРИДИС, Сотир Епаминондов

СТАВРИДИС, Сотир Епаминондов (Скопје, 10. Ⅺ 1904 – Скопје, 26. И 1961) – хирург, професор и еден од основачите на Мед. ф. во Скопје. Вовел ендоскопија во урологијата (1947). Основач на Хируршката и на Уролошката клиника и бил директор на Хируршката (1953–1954) и на Уролошката клиника (1954–1961). Направил прва тотална цистектомија со уретеросигмоидостомија кај тумор и траума на мочниот меур. Ал. Ставр. СТАВРИЌ, Ѓорѓи Димитриев