СТАВРИДИС, Александар Сотиров

СТАВРИДИС, Александар Сотиров (Књажевац, Србија 22. Ⅸ 1944) – хирург-уролог, доктор на медицинските науки (1986), редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1998). Бил директор на Клиниката за урологија (2002–2004). Вовел екстракорпорална литотрипсија (1991). Објавил две книги од областа на уролитијазата и над 80 научно-стручни труда. БИБ.: Калкулоза на бубрези и нејзиното лекување, Скопје, 1989; Калкулоза на урогениталниот тракт, Кочани, 2003. Ал. Ставр.