СТАВРИДИС, Александар Глигоров

СТАВРИДИС, Александар Глигоров (Скопје, 15. Ⅴ 1878 – Скопје, 17. И 1953) – офталмолог. Дипломирал медицина во Бејрут (1904). Основач и сопственик на првиот санаториум – приватна болница во Скопје (1912). Новиот санаториум (1930) е комфорна модерна зграда со приземје и три ката, со 20 постели, две операциони сали, рентген апарат, поликлиничко–приемен дел и лабораторија. Ал.Ставр.