СТАВРЕВ, Драгољуб

СТАВРЕВ, Драгољуб (Скопје, 28. Ⅵ 1932 – Скопје, 23. ⅩⅠⅠ 2003) – политичар, општественик и државник. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1957). Бил член на СКМ (од 1950), член на Универзитетскиот одбор и член на Централниот одбор на Сојузот на студентите на Југославија, главен и одговорен уредник на в. „Студентски збор“, секретар и претседател на ЦК на Сојузот на младината на Македонија, член на Претседателството на Народната младина на Југославија, член на Универзитетскиот комитет на СКМ, член на Организационо-политичкиот секретаријат и на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, претседател на Градскиот комитет на СКМ – Скопје, потпретседател и претседател на Собранието на град Скопје во времето на обновата и изградбата по катастрофалниот земјотрес во Скопје (1963), член на Претседателството и член на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКЈ, пратеник во Собранието на СРМ и пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ, потпретседател на Сојузниот Извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (28. Ⅳ 1982 – 24. Ⅳ 1984) и претседател на Претседателството на СРМ (26. Ⅳ 1986, два мандати). БИБ.: Државна управауделегатском систему, Београд, 1978; Политичкиот систем на социјалистичкото самоуправување, Скопје, 1981; Македонски современи политички теми, Скопје, 1995; Немир и размисли. За македонцките работи 2001 година. Записи за „конфликтот во 2001 година“ во Република Македонија, Скопје. 2002. ЛИТ.: Македонски влади, Скопје, 2005, 66-68. С. Мл.