СТАВРЕВ, Бранко

СТАВРЕВ, Бранко (Струмица, 1. Ⅱ 1939) – режисер, сценограф, директор на Драмата на МНТ (1979–1983). Ги завршил студиите на Групата за македонски јазик со југословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Во МНТ е од 1965 г., а пред тоа работел во Струмичкиот театар како актер и режисер (1965– 1966). РЕЖИИ: „Обиди се во надеж“, „Недоразбирање“, „Тања“, „Смеа низ сокаците“, „Дамки“, „Векутуму века или житие Адамово“, „Големиот скок“, „Сенката“, „ПусБранко Ставрев та земја“, „Столови“, „Пиликатник“, „Печалбари“, „Вител“, „Зајдисонце“, „Кенгурски скок“, „Ѕидот, водата“, „Потоп“, „Животот на Галилеј“, „Женидба“, „Ревизор“, „Галеб“, „Идиот“ и др. Ги режирал оперите „Бразда“ и „Цар Самуил“. Режирал во: Словачка, Италија, СССР, Бугарија, Србија и Црна Гора. Автор е на книгите „Делос или остров што плови“ и „Затвореник во ореова лушпа“ и на драмите „Обиди се во надеж“ и „Лето“. Р. Ст. Драгољуб Ставрев