СТАВОВИ-КАВКА, Ирена

СТАВОВИ-КАВКА, Ирена (Краков, Полска, 1951) – историчар, директор на Институтот за политички студии и меѓународни односи на Јагелонскиот универзитет. Ја про-учува современата историја на балканските народи и посебно политиката на Германија кон Балканот во периодот меѓу двете светски војни; истражувач на минатото на Македонија и македонското прашање, аспирациите на соседните држави и политиката на големите сили. Освен неколкуте книги, ав-тор е и на неколку десетици статии, делови од монографии и други прилози на одделни теми од современата историја на Македонија и македонскиот народ. Раководител е на Комисијата за најновата историја на словенските народи при Меѓународниот славистички комитет. Нејзината обемна „Историја на Македонија“ (на полски јазик) е објавена и на македонски. БИБ.: Мацедониа њ политѕце панстњ балканскицх њ ⅩⅩ њиеку, Кракóњ, 1993; Хисториа Мацедонии, Њроцљањ-Њарсзања-Кракóњ, 2000; Историја на Македонија, Скопје, 2002; Малцинствата на Балканот во ⅩⅩ век, Скопје 2004 (со коавтор). С. Мл.