СРПСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

СРПСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ – едни од најстарите и најразновидните. Се развиваат низ зголемениот интерес на српските владетели за освојување делови од Македонија (во втората половина на ⅩⅠⅠ в.). Во 1219 г. епархиите во Србија под Охридската архиепископија се ставаат под јурисдикција на новата Српска црква, што предизвикува остра реакција на охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан и влијае врз односите на двете цркви с“ до денес. Во 1345 г. српскиот крал Стефан Душан во Скопје се крунисува за цар на Србите и на Грците. Во двете српски востанија (1804 и 1815) учествуваат и МаЧипљак, Влајко Стојковиќ, Тримче Трпковиќ, Дели Ѓорѓи Николаевиќ, Јован Поповиќ, Марко Крстиќ, Конда Бимбаши, Ѓорѓи Загла, Хеким Тома) и како вешти дипломати (Петар НоваковиќЧардаклија) во мисии во Петроград (1804) и во Цариград (1805), Петар Ичко (во мисија во Цариград, каде што го склучува Ичковиот мир, 1806). Во српско-турските војни учествуваат Димитар Попгеоргиев-Беровски, Иљо Малешевски, Христо Македонски, Петар Николов Мишајков, Ѓорѓија Пулевски, Григор Огненов, Ѓорѓи Андонов, Димитар Трифунов Арнаутот итн. Во ⅩⅤⅠⅠⅠ и во ⅩⅠⅩ в. се интензивираат економските и културнопросветните односи: Јован Нешковиќ учителствува во Велес (1897–1859); Македонци печатат книги во Белград (Костадин Дин-гов „Враческија молитви“, 1849; Горѓија Пулевски „Речник од четири језика“, 1873, и „Речник од три језика“, 1875; Македонци добиваат образование во Србија (Даме Груев, Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски, Петар Попарсов и др.); српски политичари и научници пишуваат за Македонија (Стојан Новаковиќ, Андра Гавриловиќ, Јован Цвииќ и др.). Формирањето на Кнежевството Србија значи и почеток на организираната пропаганда кон Македонија врз база на „Начертанието на Илија Гарашанин“ (1844), кога се интензивира отворањето српски училишта, дистрибуцијата на српски учебници, поставувањето српски учители, попови и владици, формирањето српски друштва за пропаганда („Св. Сава“, 1886), кедонци како борци (браќата Велчо и Кузман Џикиќ, Ѓорѓи Територијалното проширување на Србија (1804&1913) 13. ⅩⅠⅠ 1922 – Ⅲ 1929) – српска организација формирана од Радиотворањето конзулати (Солун и Скопје, 1887, и Битола, 1888); спречувањето на работата на Ученичката дружина „Вардар“, (Белград, 1893/1894) или основањето на македонските емигрант-ски друштва (Македонскиот клуб во Белград, 1902 и 1905) и забрана на нивните весници („Балкански гласник“ и „Автономна Македонија“). Популаризација на Илинденското востание во Србија врши Српската социјалдемократска партија, наспроти митинзите на реакционерно-експанзионистичките сили. По Востанието се водат преговори помеѓу претставници на МРО и Владата на Србија, но не е договорена никаква соработка, ниту е дозволено отворање претставништво на ТМОРО во Белград. Во периодот 1904–1908 г. вооружени српски четнички групи (познати водачи се Василие Трбиќ, Јо-ван Бабунски, Јован Пешиќ, Јо-ван Довезенски и др.) крстосуваат низ Македонија. Од 1908 до 1912 г. српската пропаганда развива политичка и културно-спортска активност. Букурешкиот договор (10. Ⅷ 1913) ја потврдува поделбата на Македонија. Вардарскиот дел на Македонија $ припаѓа на Србија, а по Првата светска војна – на Кралството на СХС. Великото антифашистичко народноослободително собрание на Федерална Србија на заседанието од 9–12. Ⅺ 1944 г. во Белград го поздравува конституирањето на македонската држава во Југословенската федерација и усвојува документ за признавање на македонската држава. По распаѓањето на СФРЈ односите Скопје–Белград се комплексни: повлекување на ЈНА од Република Македонија(февруари–март 1992), игри на српскиот претседател Слободан Милошевиќ за поделба на РМ, правна обврска за почитување на санкциите изречени од Советот за безбедност на ООН кон СРЈ (мај 1992) и фактичка потреба за преживување на кревката економија на РМ, распоредувањето на мировните сили на ООН на границата кон СРЈ (декември 1992), граничниот инцидент кај Чупино Брдо во близината на Крива Паланка (јули 1994) – с“ до потпишувањето на Спогодбата за регулирање на односите и унапредување на соработката помеѓу Република Македонијаи СРЈ (8. Ⅳ 1996). Со неа се воспоставуваат дипломатски односи на амбасадорско ниво (прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијаво СРЈ е Славко Милосавлевски, а на СРЈ во Република Македонијае Зоран Јаначковиќ) и се предвидува формирање мешовита експертска комисија заради подготовка на договор за опис на државната граница меѓу Република Македонијаи СРЈ. Првата фаза од постапката на утврдување на граничната линија помеѓу Република Македонијаи СРЈ/РСИЦГ/ РСР е нејзиното утврдување во Договорот за протегањето и описот на државната граница (Скопје, 23. Ⅱ 2001 – 16. Ⅵ 2001 г., Трајковски – Коштуница), преку дефинирање и текстуално опишување (врз основа на топографска карта во размер 1 : 25000) од тромеѓето РМ, СРЈ и РА (гранична пирамида Д 24, тригонометриска точка со кота (ТТ к. 2092) до тромеѓето РМ, СРЈ и РБ (гранична пирамида 106), во вкупна должина од ок. 280 км. Втората фаза од постапката на утврдување на граничната линија се состои од отстранување на старите знакови и поставување нови, обележување, разграничување на граничната линија меѓу Република Македонијаи СРЈ/РСИЦГ/РСР, односно спроведување на Договорот за протегање и опис на државната граница меѓу Република Македонијаи СРЈ со нејзино повлекување на теренот, т.е. разграничување на државните територии на двете држави преку поставување гранични знакови од страна на Мешовитата комисија формирана врз основа на самиот договор. Од симболичното поставување на граничниот камен на тромеѓето Република Македонија– РБ – РСР (ноември 2002) во предвидениот рок за демаркација во самиот договор (две години од стапувањето во сила) гранични столбови се поставени само по должината на граничната линија меѓу Република Македонијаи РСР. Привременото собрание на Косово на 23. Ⅴ 2002 носи Резолуција за непризнавање на Договорот за протегање и опис на границата. Собранието на Република Македонија(29. Ⅴ 2002) носи Декларација за состојбите на дел од северната граница на Република Македонијакон СРЈ со која ја отфрла Резолуцијата. Процесот на одбележувањето на граничната линија со Косово (должина ок. 180 км) е извршен по стекнувањето на независноста на Косово (2008). ИЗВ.: Глигор Тодоровски, Српски извори за историјата на македонскиот народ, т. 1 1912–1914, т. 2 1914–1917, Скопје, 1981; т. 3 1890-1912, Скопје, 1985; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990– 1999), Скопје, 2005. Т. Петр.