СРПСКО-БУГАРСКИ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОЈУЗ

СРПСКО-БУГАРСКИ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОЈУЗ (Белград, 30. Ⅲ / 12. Ⅳ 1904). Илинденското востание и реформската акција на европските Големи сили во Македонија повлијаеле за спогодување на Србија и на Бугарија за склучување договор за сојуз. Со Договорот се обврзале заеднички, со сите расположливи сили, да го бранат територијалниот интегритет, неприкосновеноста на владејачките династии и територијалното статус кво на Балканот, да се спротивстават на окупацијата на трите вилаети: Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот од која било држава. Зазеле единствен став да не се дозволи автономија на Македонија и „од Македонските Словени да се создава нова словенска државичка“ на Балканот, а трите македонски вилаети да ги именуваат Македонија и Стара Србија, без територијално разграничување. Со тоа Србија си обезбедила еднострано интерпретирање за ширењето и за претензиите во Македонија. За спорните прашања се договориле да ги поднесуваат за решавање пред рускиот цар. Во истиот ден Србија и Бугарија потпишале и јавен Договорот за пријателство и за економска соработка и Заклучен протокол. ЛИТ.: Македонија во билатералните и мултилатерални договори на балканските држави, Скопје, 2000; В. ›орови¢, Преговори о балканским савезима, Годишњица Николе Чупи¢а, ЏЛВИИ , Београд, 1938. М. Мин.