СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ, ШТИП

СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ, ШТИП – основано со Решение на Народниот околиски одбор на гр. Штип, донесено на 29. Ⅵ 1961 г. За прв директор е поставен Сергеј Михајлов (18851975). УШТЕ од првата учебна година се изучувале теориски предмети (солфеж, теорија на музиката, хармонија, контрапункт) и свирење на музички инструменти (виолина, виолончело, контрабас, пијано, флејта, обоа, кларинет, фагот, труба, хорна и тромбон), камерна музика, како и низа општообразовни предмети. Од 2004 г. директор на ова училиште е Димитар Митевски. Со своите јавни настапи го збогатува музичкиот живот во градот. Ј. Т.