СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА – воспитно-образовни установи за средно образование. Можат да бидат јавни и приватни. Јавни средни училишта основаат советите на општините, Советот на град Скопје и Владата. Приватно средно училиште може да основе домашно и странско правно и физичко лице со одобрение од Владата. Воспитнообразовната дејност во средните училишта се остварува според наставни планови и програми што по предлог на (в.) Бирото за образование ги донесува ресорниот министер. Во Македонија постојат следните видови средни училишта: (в.) гимназија, средно стручно училиште, средно уметничко училиште и специјално средно училиште (за младите со посебни потреби). Во средните училишта се запишуваат ученици Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола со завршено основно образование. школувањето е задолжително (од 2008 г.) и трае 4 години (само во некои стручни училишта е три години) и завршува со полагање завршен испит или матура. Наменети се за популацијата на возраст од 16 до 20 години. Бројот на средните училишта во Македонија се движи меѓу 91 и 95 училишта. Во учебната 2005/06 г. работеле 91 јавни средни училишта и 3 приватни средни училишта. Во текот на историскиот развој постоеле повеќе видови средни училишта, различно организирани и со различно времетраење на школувањето. Во периодот на (в.) насоченото образование било конституирано единствено средно училиште (училиштен центар), кое давало и општо и стручно образование (в. Гимназија; Стручно образование). ЛИТ.: К. Камберски, Средното образование во Република Македонија, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, Скопје, 55, 2002. К. Камб.