СРЕБРОВ, Орце

СРЕБРОВ, Орце (Велес, 16. ⅩⅠⅠ 1909 – Скопје, 1995) – припадник на работничкото и комунистичкото движење, учесник во НОБ. Член на СКОЈ од 1924, а на КПЈ од 1928 г. Организатор на оруженото востание во Велес (1941). Бил уапсен (1942) и интерниран во Чучулигово, Бугарија, каде што останал до 1944. Борец на Петтата и на Осмата МНОУБ. По Ослободувањето вршел разни државни функции. Осуден бил по ИБ и казната ја издржувал на Голи Оток. ИЗВ.: Димче Најчески, Голооточки сведоштва, кн. трета, Скопје, 2003. Ѓ. Малк.