СРБИЧКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија

СРБИЧКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (Џ – Ⅺ в.) – епархија што се простирала до најјужниот град на етничката граница меѓу Македонија и Тесалија, со црковно седиште во Србица (ден. Серфиџе). Се спомнува во повелбата на Василиј Ⅱ како дел од Охридската архиепископија, на јужната граница. Во Ⅺ в. би-ла одземена од Охридската архиепископија и преземена од Солунската митрополија на Цариградската патријаршија. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, И–Ⅱ, второ фототипно издание, София, 1995; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Рат. Гр.