СПРОСТРАНОВ, Евтим

СПРОСТРАНОВ, Евтим (Охрид, 15. И 1868 – Софија, 5. Ⅶ 1931) – бугарски публицист, литературен и научен работник во редовите на македонската емиграција во Бугарија. Се пројавува како двојазичник, пишувајќи на бугарски и на македонски јазик. Ав-тор е на значаен „Дневник“, останат во ракопис (се чува во трезорите на Народната библиотека „Кирил и Методиј“ и во Научниот архив на БАН во Софија, од чија целина е објавен само еден дел). Неговиот литературен и научен опус е мошне богат и се простира врз повеќе области: поезија, проза, есеј, лингвистика, етнографија, историја, фолклористика, превод. Г. Т.