СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА. Тие организирано започнале со формирањето на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија во Охрид (1965) и со основањето на друштвата во Скопје, Куманово, Штип, Велес, Гостивар, Тетово, а подоцна и во 11 други градови. Активностите во нив се одвивале во повеќе спортски секции во градовите, во Републиката и на меѓународните првенства и турнири. Најуспешни натпреварувачи се: Бранимир Јовановски, Ванчо Каранфиловски, Оливера Николовска, Митко Фидановски, Тони Саканарски, Страшо Коцевски, Не-бојша Тошиќ, Рубенчо Ристески, Вангел Жабев, Јово Момировски, Рагми Арифовски, Владимир Тркалјанов и други. Б. Ј.