СПОРТСКИ ПЕДАГОЗИ

СПОРТСКИ ПЕДАГОЗИ – стручни кадри по физичка култура. УШТЕ во педесеттите години биле формирани градски здруженија и Сојуз на педагозите по физичка култура на Македонија, на чело со претседател (Благоја Цветковски), сега Федерација (од 2002), која се грижи за унапредување на физичкото воспитание, за спортските и спортско-рекреативните активности, за стручното усовршување на своите членови и за развојот на науката и примената на научните сознанија. Во изминатиот период Сојузот има организирано и голем број стручни и научни собири и меѓународни симпозиуми, а го издава и стручното и научно списание „Физичка култура“ (од 1975). Д. С.