СПОРОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА СО РМ

СПОРОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА СО Република Македонија– несогласување, заемно противречно тврдење на РГ и Република Македонијашто се изразува во конкретно побарување на РГР кон Република Македонијада не го употребува името Република Македонија не само во билатералната, туку и во секоја друга меѓународна комуникација, односно бранење на меѓународно-правно загарантираното право на македонскиот народ (политички организиран во РМ) на самоопределување (што го вклучува и правото на слободен избор на името на државата), т.е. инсистирање на недискриминација во однос на РМ. Спорот постои од реконституирањето на РМ. Спорот Република Македонијаво 2008 г. го изнесе за решавање пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. За неговото решавање се применува политички (дипломатски) метод – преговори под покровителство на ООН, со Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на ООН, дефинирани како услов Република Македонијада биде примена во членство на ООН и обврска тие да течат додека се употребува привремената референца ПЈРМ. ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Неколку факти во врска со видовите постапки за чие спроведување е надлежен Меѓународниот суд на правдата – неколку заклучоци во врска со видот на постапката што (не) би можела да биде преземена по повод македонско-грчкиот спор околу името, Зборник: Евроинтеграција – идеи-состојби-реализација, Скопје, 2002. Т. Петр. Македонските репрезентативци на 13-те Параолимписки игри во Пекинг, Кина (2008)