СПИРОСКИ, Мирко Живков

СПИРОСКИ, Мирко Живков (с. Лешок, Тетовско, 3. Ⅱ 1948) – физиолог, редовен проф. по имунологија и хумана генетика на Мед. ф. во Скопје. Медицина завршил во Скопје. Магистрирал и докторирал на Институтот за физиологија при Мед. ф. во Скопје. Основач е и директор на Институтот за имунологија (2000). Објавил над 100 труда, 3 монографии и 4 практикуми. Д. С.-Б.