СПИРОВСКИ, Александар

СПИРОВСКИ, Александар (Прилеп 1927) – генерал-полковник на ЈНА. Завршил школа за активни офицери на ПАА во 1951 г. Офицерската должност во ЈНА ја започнал како командир на вод и на чета. Бил командант на дивизион и на полк, началник на штаб и командант на дивизија. Завршил ВВА на ЈНА и школа на народната одбрана. Вршел должност командант на Првата армија на ЈНА. ЛИТ.: Војни лексикон, Београд, 1981, 1058. В. Ст. Кирил Спировски