СПИРКОСКИ-ЏУМЕРКО, Благоја

СПИРКОСКИ-ЏУМЕРКО, Благоја (Прилеп, 6. Ⅱ 1946) – драмски и филмски актер. Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е од 1966 г. Настапува и во проекти на други сцени низ Републиката. Публиката го познава како комичар, иако во неговиот актерски стаж има успешно толкувано и драмски ликови. УЛОГ: Цветко („Од глаата си патиме“), Симон („Диво месо“), Итар Пејо („Солунски патрдии“), Силјан штркот („Летни Силјане“), Коста Саруфте (во истоименото дело), Јонче („Градскиот саат“) и др. Настапил во филмовите: „Оловна бригада“; „Нели ти реков“; „Јазол“ и др. Р. Ст. СПИРОВ, Александар Христов