СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА – воспитнообразовни установи наменети за децата и младите со посебни потреби, односно со пречки во физичкиот и психичкиот развиток. Специјалното школство во Маке-

Ученици од училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“
донија бележи посебен развој по Ослободувањето. Донесена е соодветна нормативно-правна регулатива, создадена е мрежа на установи за социјална заштита и за воспитание и образование на овие лица, воспоставен е систем на стручна категоризација, оспособен е соодветен стручен кадар, разрешени се и повеќе други проблеми. Првата установа за специјално воспитание и образование во Македонија е основана во 1949 г. во Скопје (с. Петровец), од 1951 г. дислоцирана во Битола под името Завод за дефектни деца, во која организирано воспитание и образование добивале речиси сите категории деца со пречки во развојот (глуви, слепи, логопати и ментално ретардирани). Подоцна кон воспитанието и образованието на овие деца се пристапува диференцирано. Во 1954 г. е основано Училиште за слепи деца. Се отвораат и специјални основни училишта за лесно ментално ретардирани деца во Прилеп, во Битола, во Скопје, во Велес и во струмичкото Ново Село. Во 1961
г. е донесен посебен Закон за специјалните училишта, со кој се регулираат прашањата на специјалното воспитание и образование. Во 1993 г. при Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет се отвораат студии по дефектологија, кои по неколку години се осамостојуваат во Институт за дефектологија. Во 1998 г. работат 9 установи за ментално ретардирани лица (2.005 ученици), 4 установи за лица со оштетен слух
(1.484 ученици), една установа за деца и младинци со оштетен вид (46 ученици) и една установа за рехабилитација на телесно инвалидни лица (60 ученици). Во учебната 2001/02 г. во специјалните основни училишта и во специјалните паралелки на основните училишта се школуваат 1.290 ученици (243 наставници), а во 4 специјални средни училишта (Скопје – 3 и Штип – 1) 297 ученици со 64 наставници.
ЛИТ.: Љ. Ајдински, В. Андреевски, 50 годи
ни заштита, рехабилитација и образование на лица со пречки во развојот во Република Македонија, Скопје, 2001. К. Камб.

Илинка
Спиревска