СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – распределба на земјоделското производство по гранки, на производите во секоја гранка и утврдување на нивниот однос во вкупното пазарно производство. Зависи од природните услови, од распоредот на преработувачката индустрија, од внатрешната и меѓународната размена на земјоделските производи итн. Индексот на специјализација се пресметува по формулата, каде што претставува збир на квадратите на процентуалното учество на одделни производи во вредноста на производството. Др. Ѓош. СПЕЦИЈАЛНА ПЕДАГОГИЈА