СПАХИУ, Мустафа

СПАХИУ, Мустафа (Мустафа Спахиу) (с. Мучиврце, Косовска Митровица, Косово, 1948) – новинар и писател на албански јазик. Основно образование завршил во родното место, а средно училиште во Приштина. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје (Група за албански јазик и книжевност). Работи во Македонско радио (во емисиите за деца на албански јазик). Пишува поезија и проза за деца и за возрасни. Член е на ДПМ (1984). БИБ.: Насмевка на окарините, поезија, 1981; Виножито на слободата, поезија, 1982; Бумбари на зеленило, 1984; Децата минуваат под виножито, поезија, 1988; Нобеловци за децата, проза, 1989; Мојата ливада, поезија, 1989; Над изворот, 1992; Децата играат под сонцето, 1994; Тага за детството, 1995; Часовникот на детските сништа, 1996. А. П.