СПАСОВ, Јордан

СПАСОВ, Јордан (с. Кнеже, Штипско, 1875 – Кратовско, 25. Ⅶ 1908) – кратовски реонски војвода. Четник во четата на Димо Дедото. Учествувал во Мелничкото востание (1895). Бил уапсен и испратен на заточение. По амнестијата влегол во четата на војводата М. Ацев (1901). Потоа станал долгогодишен кратовски реонски војвода. ЛИТ.: А. Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на Македонија, Скопје, 1954. Ал. Тр. Људмил Спасов СПАСОВ, Људмил Александров