СПАСОВ, Мирослав

СПАСОВ, Мирослав (Скопје, 2. ⅩⅠⅠ 1964) – композитор и диригент. Дипломирал композиција и диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1992). Предавал на Универзитетот во Калгари, Канада (2002–2003) и на Источномедитеранскиот универзитет во Фамагуста, Кипар (2003–2005). Од 2005 г. работи како професор на Универзитетот во Кил, Велика Британија. Бројни негови дела се изведувани и наградувани на фестивали во Европа и Америка. Б. Орт.