СПАСОВ, Драган

СПАСОВ, Драган (Дац) (Скопје, 20. Ⅳ 1963) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на Факултетот за драмска уметност во Скопје (1991). Од 1992 г. е во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и на други сцени. УЛОГ: Розенкранц („Розенкранц и Гилдерстен се мртви“), Зганарел („Дон Жуан“), Хлестаков („Ревизор“), Џанго и Црни („Грев или шприцер“), Фердинанд („Бура“), Моцарт („Амадеус“), Платонов (во истоименото дело), Симон („Диво ме-со“), Тасе („Демонот од Дебар маало“) и др.; како и во филмовите: „Светло сиво“, „Збогум на дваесеттиот век“, „Преку езерото“. Р. Ст.