СПАСОВ, Атанас

СПАСОВ, Атанас (Таската Серски) (с. Врања, Мелничко, февруари 1876 – Софија, 7 Ⅶ 1923) – Атанас Спасов војвода на ТМОРО/ВМОРО. По завршувањето на Педагошкото училиште во Сер, бил учител и окружен војвода во Серско. Учествувал во битката во с. Баница кога загинал Гоце Делчев (21. Ⅳ/4. Ⅴ 1903). По Илинденското востание бил член на Серскиот окружен комитет и серски војвода (1904). По Младотурската револуција станал член на Народната федеративна партија (1908–1910). Се залагал за автономија и целовитост на Македонија, како пиемонт на Балканската федерација. Зел учество во Балканските (1912–1913) и во Првата светска војна (1915-1918). Бил член на Привременото претставништво на Обединетата бивша ВМРО и потписник на Апелот (9. Ⅲ 1919). Убиен е од приврзаници на Тодор Александров (при хируршка операција). ЛИТ.: Македонски возрожденци и револуционери. Албум, Скопје, јуни 1950, 45; К. Михајлов, Таската Серски, „Струма“, Но 2, Софиџ, 1985, 93–106; Ц. Серафимов, Царџт на полето, 60 години од смљртта на Таската Серски, „Пиринско дело“, Но 158, Благоевград, 7 Ѓли 1983. С. Мл. Драган Спасов