СПАСОВ, Андреј

СПАСОВ, Андреј (Прилеп, 11. Ⅷ 1936) – инж. арх., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 2001 г.) по предмети од областа на бетонските конструкции (на Архитектонскиот факултет), како и на градежните конструкции. Магистрирал во ИЗИИС (1970), а докторирал во Белград (1979). Објавил повеќе трудови, меѓу кои и четири учебници за Архитектонскиот и Градежниот факултет. Проректор на Универзитетот (1988–1990). Љ. Т.